Осумнаесетта завршна изложба на дела од членовите на ликовното студио „Арс вивенди“ од Скопје

822

На 30.5.2023 (вторник), со почеток во 19:00 часот, во НУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во големата сала-сутерен, ќе биде отворена осумнаесеттата завршна изложба на дела изработени од членови на ликовното студио „Арс вивенди“, под менторство на академскиот сликар и ликовен педагог м-р Тони Шулајковски и ќе бидат доделени дипломи за учебната 2022/2023 година.

Во ликовното студиото „Арс вивенди“ членовите се изразуваат креативно користејќи различни ликовни техники. Оваа година на завршната изложба ќе бидат изложени дела работени во повеќе техники: акварел, темпера, акрил на платно, цртеж и дигитален цртеж.

„Насочи го сопствениот потенцијал во вистински правец“ е мото на студиото коешто осумнаесет години го покажува правецот на работата на ова ликовно студио.

М-р Тони Шулајковски – академски сликар и ликовен педагог

  • Роден е 1969 година во Скопје
  • Дипломирал на факултетот за Ликовни уметности – Скопје, педагошки оддел
    насока сликарство во класата на проф. Ана Темкова во 1992 година.
  • Член е на ДЛУМ од 1993 година.
  • Од учебна 1996/1997 година до денес работи како ликовен педагог во матичното училиште ООУ „Петар Поп Арсов“, од 2001-2021 и во ООУ „Аврам Писевски“, а од 2021 во ООУ „Војдан Чернодрински“.
  • Постдипломски студии – насока сликарскто завршил на ФЛУ во класата на проф. Родољуб Анастасов во 2002 година
  • Од 2005 работи со талентирани деца во приватното ликовно студио „Арс вивенди“ што го основа со Дијана Петкова – проект менаџерка.

Реализирал 55 самостојни, а учествувал на стотина групни изложби.

Награди

  • 2016 – Награда за сликарство – ДЛУМ
  • 2013 – Награда – „Сликар на годината 2012“ Остен – Светска галерија на цртеж
  • 2008 – Награда за сликарство – мал формат „Константин Мазев – Коце“
  • 1992 – Награда за најдобар студент на педагошкиот оддел на ФЛУ – Скопје

Ликовен перформанс

  • 2013 – „ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА“ – Градски парк – Скопје
  • 2010 – „Трансцеденција“ – Културно лето – општина Карпош
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Арс вивенди

Дијана Петкова – проект менаџер

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.