Истражувачите веруваат дека седумте прстени се формирале кога диносаурусите сè уште оделе по Земјата.
Иконските ледени прстени на Сатурн веројатно нема да бидат видливи за луѓето кои гледаат низ телескопи во иднина, според новата студија објавена од CNN.
Новата анализа на податоците собрани од мисијата Cassini на NASA, која орбитираше околу планетата помеѓу 2004 и 2017 година, даде нов увид за тоа колку долго постојат прстените и кога тие би можеле да исчезнат.
Наодите беа објавени во три студии во мај.
Нашиот Сончев систем и неговите планети се формирале пред околу 4,6 милијарди години, а научниците долго дебатираа за староста и потеклото на прстените на Сатурн.
Некои астрономи тврдат дека светлите, ледени прстени мора да бда се помлади од очекуваното, бидејќи не биле еродирани и затемнети од интеракциите со метеороидите во текот на милијарди години, пишува CNN.
Нашиот неизбежен заклучок е дека прстените на Сатурн мора да бидат релативно млади според астрономски стандарди, стари само неколку стотици милиони години, рече Richard Durisen, професор по астрономија на Indiana University Bloomington, и главен автор на двете студии.
Ако го погледнете сателитскиот систем на Сатурн, постојат други индикации дека таму се случило нешто драматично во последните неколку стотици милиони години. Ако прстените на Сатурн не се стари колку планетата, тоа значи дека нешто се случило за да се формира нивната неверојатна структура, а тоа е многу возбудливо за проучување, додаде тој.
Истражувачите веруваат дека седумте прстени се формирале кога диносаурусите сè уште оделе по Земјата.
Прстените на Сатурн главно се составени од мраз, а само мал процент припаѓа на карпестата прашина создадена во вселената од скршени фрагменти од астероиди и микрометеороиди.
Забележано е дека прстените губат многу тони маса во секунда, што значи дека не им останало многу време, астрономски гледано.
Истражувачите проценуваат дека прстените ќе постојат најмногу неколку стотици милиони години.
„Покажавме дека масивните прстени како Сатурн не траат долго“, вели Paul Estrada, истражувач во истражувачкиот центар на NASA, Ames Research Center во Mountain View, California, и коавтор на сите три студии.
Може да се шпекулира дека релативно малите прстени околу другите ледени и гасни џинови во нашиот Сончев систем се остатоци од прстени кои некогаш биле масивни како оние на Сатурн. Можеби во одреден момент во не многу далечна иднина, астрономски гледано, откако прстените на Сатурн ќе бидат избрисени, тие повеќе ќе изгледаат како ретките прстени на Уран.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.