Норвешка ТВ воведе решавање квиз како услов да се коментира на текст на Интернет

58

Норвешката национална телевизија НКР, одлучи на својата интернет страница да воведе краток квиз за сите оние кои сакаат да остават коментар под некој од нивните написи.

Целта на квизот е оние кои сакаат да коментираат прво да докажат дека сфатиле за што станува збор во текстот. Тие треба точно да одговорат на три прашања, по што можат да коментираат под текстот.

Авторите на квизот се надеваат дека на тој начин корисниците навистина ќе се потрудат да го разберат текстот, а и за тие 15 секунди додека одговараат на прашањата, ќе можат да се смират пред објавувањето коментар, што би довело до помалку бесни реплики под нивните текстови.