НЕВЕРОЈАТНИ РАБОТИ ЗА ТЕЛОТО | Ние сме влакнести како шимпанзата, имаме пруги како зебра, а најдобро од сè е она со кого разговараме во главата

1580

2. Сè повеќе луѓе имаат дополнителна коска во коленото

На училиште дознавме дека човечкото тело има 206 коски.

Освен ретките случаи на формирање на дополнителни коски или кај новороденчињата чии коски сè уште не се сраснати, тоа е воглавно исто. Но, има исклучок, кој станува сè почест. Кај луѓето е забележана fabela – еден вид иверка во коленото.

Пред околу 100 години, помалку од 10% од луѓето имале fabela, но според истражувањето од 2019 година, тој процент се зголемил за повеќе од тројно.

Во 2018 година, се верувало дека 39% од луѓето имаат fabela. Оваа ситна коска во форма на сусам расте во тетивите на коленото и може да биде почеста кај луѓето поради зголемен притисок врз зглобовите на коленото.

Како што луѓето тежат повеќе, телото може да создаде дополнителни коски за зајакнување на колената. Но, како што истакнуваат истражувачите, оваа коска не работи баш ништо.

Продолжува на страна 3