“Некст Тајм” и Влатко Лозановски им “вратија” на Дуа Липа и Рита Ора објавувајќи карта на етничка Македонија

5846

По пропагандите со карта на голема Албанија и независно Косово на светски познатите пејачки Дуа Липа и Рита Ора, македонскиот поп-рок бенд Некст Тајм преку социјалните мрежи им реплицираше објавувајќи историска карта на етничка Македонија.

За добра ноќ;)

Gepostet von Next Time am Montag, 20. Juli 2020

Момците од Некст Тајм решија да изреагираат јавно на претензиите на големо-албанските аспирации преку формирање на голема Албанија во која според картата на двете познати пејачки влегуваат и делови од Република Македонија.

По нивната објава поддршак им даде пејачот Влатко Лозаноски, кој исто така објави карта на етничка Македонија.