Научниците развиваат маска што ќе ја убие короната!

314

Научниците од Институтот за технологија во Масачусетс во американскиот град Кембриџ развиваат термичка маска што ќе ги убие патогените на вирусот корона на 90 степени и ќе биде многу поудобно за носење од маските што ги гледаме денес, пренесува „The Daily Mail“.

Наместо да филтрира сè што излегува од човечката уста, маската ќе ја убие короната при издишување, бидејќи ќе достигне температура од 90 степени, на која COVID-19 не може да преживее.

За да се избегнат изгореници како резултат на загревање до 90 степени, маската ќе биде заштитена со неопрен, синтетичка гума што е всушност полихлопропен.

Неопренот има добра хемиска стабилност и одржува флексибилност во широк опсег на температури.

Ако ги помине тестовите, маската што ќе работи на батерија од девет волти, ќе биде поскапа од памучната, хируршката или маската N95, додаваат истражувачите.

Сепак, топлинската маска ќе биде идеална во ситуации кога ризикот од инфекција е зголемен, како што се здравствените установи или јавниот превоз и нема да мора да се стерилизира по употребата, пренесува „The Daily Mail“.

Истражувачите веќе започнаа да прават прототип маска, која ќе помине и физички тестови.

За разлика од сите маски што го филтрираат вирусот, оваа маска дозволува вирусот да излезе преку маската, но исто така го забавува и го убива, рече Мајкл Страно, хемиски инженер.

Маската ќе може да се носи без ограничувања, а батеријата од девет волти треба да ја овозможи функцијата на маската неколку часа.