Црната дупка се наоѓа на околу 5.000 светлосни години од нас и е седум пати поголема од масата на Сонцето.
Црните дупки се толку масивни што ништо, дури ни светлината, не може да ја избегне нивната гравитациска сила. Самите, овие празнини без светлина се практично невидливи во огромната темнина на универзумот, па најлесно е да се откријат во интеракција со други објекти, како што се неутронските ѕвезди или други црни дупки.
Сега, за прв пат, научниците можеби идентификувале осамена црна дупка на Млечниот Пат, која слободно “плови“, според студијата објавена во јануари, која се уште ја непа поминато рецензијата.
Се наоѓа на околу 5.000 светлосни години од нас, седум пати поголема од масата на Сонцето, што значи дека црната дупка е со ѕвездена маса, пишува Scientific American. Откритието би можело да им помогне на научниците да разберат како се формираат изолираните црни дупки и да го проценат нивниот број меѓу галаксиите, пишува Nature.
Ги користеле равенките на Einstein
Црните дупки со ѕвездена маса се формираат кога една ѕвезда поголема од 20 соларни маси ќе го достигне крајот на својот живот и колабира во неверојатна супернова. Проценките сугерираат дека може да има од 10 милиони до милијарда црни дупки со ѕвездена маса, пишува Science Alert.
„Би требало да има 100 милиони такви црни дупки во галаксијата, би требало да ги има насекаде, но тешко е да се најдат“, изјави водечкиот автор на студијата Kailash Sahu за Nature.
Во две одделни студии, астрономите го забележале настан MOA-2011-BLG-191/OGLE-2011-BLG-0462 каде што ѕвездата почнала да сјае посилно отколку во текот на 270 дена, пишува space.com.
Користејќи ги равенките добиени од Albert Einstein во 1915 година, тимот проценува дека силата што манипулира со оваа светлина е околу седум пати помасивна од сонцето, пренесува Nature.
Се движи со брзина од 160 илјади километри на час
„Биле потребни две години планирање, потоа шест години набљудување со вселенскиот телескоп Hubble, но големо задоволство е да се видат неверојатните резултати“, изјави Suhu за space.com. „Веднаш било јасно дека се работи за црна дупка. Ништо друго не можело да ги предизвика отстапувањата што сме ги измериле“.
Тимот пресметал дека црната дупка патува околу 4,5 километри во секунда или околу 160.000 километри на час.
Причината за брзината може да биде „натален удар“, што значи дека откако нејзината ѕвезда поминала низ супернова, експлозијата можеби ја разнела црната дупка која брзала низ вселената, пренесува Nature.
За идните истражувања, планирано е да се користат рентгенски зраци за да се види дали црната дупка со ѕвездена маса создава некаков материјал, пишува Science Alert.





















