Цимет
Циметот е многу корисен при утринското гадење, кое се појавува кај бремени жени. Тој се користи уште при дијареа и подуеност. Циметот помага за расејување на гасовите и го намалува отокот.
Јаболка
Јаболката се исто така со висока содржина на нерастворливи влакна . Покрај тоа, тие се богат извор на природен пектин, кој го намалува холестеролот и помага за прочистување на токсините. Јаболката не го иритираат стомакот, ако се консумирани на гладно сурови или печени.
Копар
Копарот е многу моќен против гасови. Половина лажичка копар на ден е доволна да се одржат гасовите и отокот далеку од вас.
Авокадо
Авокадото е меѓу најкорисните плодови. Тоа е многу богато со корисни масти, калиум, влакна и е доволно нежно по текстура, за да биде прифатено добро од желудникот. Интегрално парче леб со авокадо за појадок е одличен начин за почеток на денот – ќе ви ги даде потребните хранливи материи и ќе ве наполни со енергија до ручек.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















