Најдобриот пријател на човекот е всушност маскиран волк, без разлика колку симпатично изгледа

626
Lhasa Apso, го имаат генот EPAS1. Тибетските волци го имаат истиот ген.

Откриено е дека над 64% од современите раси имаат волчјо потекло, па дури и малата чивава има околу 0,2%.

Оние мали меки кучиња што ги гледате како шетаат по улица може да изгледаат симпатично, но внимавајте – веројатно имаат мал волк во себе.

Ова е откритието објавено во понеделник од американските научници, кои беа изненадени кога дознаа дека речиси две третини од сите раси имаат мерлива количина на ДНК од волк.

И тоа не е генетски остаток од времето кога кучињата првично еволуирале од волци пред околу 20.000 години, туку укажува на вкрстување на домашни кучиња и диви волци во последните неколку илјади години.

Ова не значи дека „волците влегуваат во вашата куќа и го „разгалуваат“ вашето домашно милениче“, изјави за AFP, Logan Kistler, кустос во Музејот за природна историја Smithsonian и коавтор на новата студија.

– Исто така, се чини дека влијаело врз големината, чувството за мирис, па дури и личноста на современите раси на кучиња, велат научниците.

Кучињата и волците можат да имаат потомство заедно, но се смета дека вкрстувањето е ретко.

Пред оваа студија, водечката наука сугерирала дека за да биде куче, не треба да има многу, ако воопшто има, ДНК од волк, рече водечката авторка на студијата, Audrey Lin од Американскиот музеј за природна историја.

За да дознае повеќе, тимот анализирал илјадници геноми на кучиња и волци од јавно достапни бази на податоци.

Тие откриле дека над 64% од современите раси имаат волчко потекло, а дури и малата чивава има околу 0,2%.

Тоа е потполно логично за секој што има чивава, се пошегува Lin.

Кучиња со најмногу ДНК од волк

Чехословачките и Саарските волчји кучиња имаат најмногу ДНК од волк, до 40%.

Меѓу расите што најчесто се чуваат како домашни миленици, нај„сличен на волк“ бил големиот англо-француски тробојен ловечки пес, со околу пет проценти ДНК од волк. Хртовите како што се салуки и авганистанскиот ловечки пес, исто така, се рангирале високо.

Иако кучињата со ДНК од волк имаат тенденција да бидат поголеми, тоа не е секогаш случај – на пример, Бернардинците ја немаат.

Истражувањето, исто така, покажа дека 100% од селските кучиња – кои живеат меѓу луѓе, но не се ничии домашни миленици – имаат волчко потекло.

Kistler претпоставува дека селските кучиња, кои имаат повеќе можности за контакт со волци, би можеле да бидат објаснување за тоа како ДНК од волк влегува во генетскиот фонд на кучиња.

Женките волци одделени од нивните чопори од човечки активности како што е уништувањето на живеалиштата би можеле да завршат со парење со кучиња скитници, посочи тој.

Пријателски или територијални?

Истражувачите ги споредија своите наоди и со описите на личноста на различни раси што ги користат кинолошките клубови.

Расите со малку или без ДНК од волк почесто се припишуваа на особини како што се пријателство, леснотија на дресура и наклонетост.

Од друга страна, кучињата со повеќе ДНК од волк почесто се сметаа за сомничави кон странци, независни, достоинствени или територијални.

Kistler нагласи дека описите на расите се несовршени и не го предвидуваат однесувањето на поединечно куче.

Волците еволуирале за специфични живеалишта и услови, додека луѓето ги носеле кучињата во секој агол од населениот свет, рече тој.

Кучињата едноставно морале да се прилагодат на местата каде што луѓето ги носеле, а гените на волкот им давале предности во одредени контексти, објасни тој.

На пример, многу тибетски раси, како што е мекиот Lhasa Apso, го имаат генот EPAS1, кој еволуирал како адаптација на големи надморски височини. Тибетските волци го имаат истиот ген.

Студијата е објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.