Момците ни открија со каква жена би сакале да си го поминат остатокот од животот!

1151

Женски особини кои ќе го освојат срцето на секој фраер

Жена која е потполно доверлива

Довербата е темелот врз кој се градат апсолутно сите врски! Мажите покрај себе сакаат да имаат жена, на која ќе може да и ги признаат најмрачните тајни и слабости, без страв дека ќе бидат погрешно сфатени или исмејувани.

Амбициозната и мотивирана жена која не троши време само на шопинг и социјални мрежи

Открија дека на долг рок не се заинтересирани за површни жени кои најмногу труд и време инвестираат во глупости од типот на изборот на најдоброто selfie или облека за излегување.

Жена која го поддржува, дури и ако сака да ја напушти работата и да ги следи своите соништа

Тие сакаат жена која во тој момент ќе им даде поттик и ќе биде поддршка и инспирација да бидат истрајни во она што го сакаат и за она што тие сонуваат.

Жена која поминува време со него, но не и 0-24 часа

Момците сакаат да имаат „слобода“ и не сакаат да се откажат од дружењето со својата машка екипа само затоа што сега имаат девојка. Тие сакаат нивната партнерка да има сопствен живот, хоби, друштво, обврски, страст …

Жена со која сексот е одличен …

Сексот не е најважниот елемент во врската (ниту за мажите), но е еден од и тоа како важните. Тоа не значи дека ја бараат својата божица на сексот, туку некоја која ќе биде компатибилна за цел живот.