Научниците открија мистериозни и необични форми во кратерите на Марс кои би можеле да обезбедат увид во неговото турбулентно минато.
Орбитерот на НАСА кој орбитира околу Марс на своите фотографии снимил необични форми во големите кратери. Како што напиша Paul Geissler на официјалниот блог, овие необични форми ги заинтересирале научниците.
Имено, на фотографиите се прикажани примероци за кои Geissler и неговиот тим веруваат дека претставуваат трајни „лузни“ на површината на Марс што ги оставил мразот при неговото повлекување. Нешто како кратерите кои остануваат на површината на Земјата по топењето на глечерите.
Токму оваа сличност со трагите на Земјата, веруваат научниците, може да им даде увид во фасцинантното минато на Марс, за кој се верува дека бил доста влажен.
Научниците се особено заинтересирани за фактот дека трагите се пронајдени само во кратерите на северните рамнини на Arabia Terra. Сепак, траги не се пронајдени во сите кратери, туку само кај оние со дијаметар поголем од 600 метри.
Наслагите имаат хоризонтални траги кои би можеле да бидат слоеви или тераси. Наносите имаат и кружни траги, истакна Geissler со фотографијата што ја објавија.
Научниците веруваат дека овие траги настанале кога мразот од цврста форма се претворил во гас, а секоја тераса или слој претставува различна фаза во тој процес.
Можеби поголемите кратери навлегле во подземните води помеѓу 45 и 60 метри под површината и биле поплавени по формирањето, напишал Geissler.
За потсетување, научниците веруваат дека Марс во своето минато бил богат со вода, која во текот на милијарди години се претворила во мраз, а потоа станала дел од површината на планетата.



















