Седумнаесет тела во бунар
Седумнаесет тела биле откриени во Норич, Англија. Телата не биле закопани, туку пронајдени во бунар.
Остатоците од седумнаесет лица биле пронајдени за време на подготовките за изградба на нов трговски центар. Професорот Су Блек се прашувал чии се овие тела толку безмилосно фрлени. Отпрвин, археолозите кои го спровеле истражувањето мислеле дека биле жртви на чума, но анализите ги сместиле починатите во 12 или 13 век, што е многу порано отколку што чумата стигнала до Англија.
Експертот за ДНК, д-р Иан Барнс, открил пет примероци на ДНК кои го однеле до еврејско семејство.
Иако не е јасно што точно се случило со овие луѓе, истражувачите го поврзале случајот со верски прогон. Природната смрт е отпишана, а најверојатно причина за смртта е или масовно погубување или групно самоубиство.
Мистеријата за смртта на Наполеон е решена

Наполеон Бонапарта, најпознатиот владетел во историјата на Франција, починал во егзил 1821 година.
Дали починал од природна смрт или бил отруен?
Лекарот утврдил дека Наполеон починал на Света Елена од чир на желудник. Имало и сомневања дека е отруен. Во 1961 година, во весникот „Природа“, лекарот-аматер и токсиколог Стен Форшвуд ги поврзал симптомите на Наполеон со труење – арсен.
Голем процент на арсен е пронајден во косата на Наполеон, но тоа не било невообичаено за тоа време, бидејќи многу козметички производи содржеле арсен. Патолозите откриле дека Наполеон страдал од рак, а истовремено во неговиот стомак е пронајдена грануларна материја, што укажува на крварење од гастроинтестиналниот тракт.


















