Мажите се прејадуваат во друштво на убави жени

1721

Колку повеќе мажите јадат на првиот состанок, толку повеќе ја сакаат девојката со која излегле, покажува новото истражување.

Според истражувањето мажите јадат повеќе, кога сакаат да се истакнат, па следниот пат забележете колку точно парчиња пица ќе изеде соговорникот.

Експериментот е спроведен во текот на две недели, додека истражувачите набљудувале 150 мажи во италијански угостителски објект за јадење.

Научниците од Универзитетот Корнел трагаа точно колку изеле и испиле учесниците.

Резултатите покажуваат дека кога се со убави жени, кои ги посакуваат мажите јадат 93% повеќе леб и 86% повеќе салата или друго јадење, отколку кога се хранат со други мажи.

Истиот експеримент кај жените покажува дека тие не ја менуваат дозата која ќе ја изедат за време на вечера со маж или со другарките.