Луѓето сакаат да се надоградат со технологија и да станат КИБОРЗИ, а некои сакаат да се поврзат со своите телефони

1138

Поголемиот дел од Европејците, кои учествувале во истражувањето, потврдиле дека, доколку им се укаже можност, тие би смениле нешто за себе.

Во исто време, многумина стравувале дека надградбата на човекот, односно надградбата со технологија, ќе им биде достапна само на богатите, но исто така и дека нашите тела можат да станат мета на сајбер криминалци.

На конференцијата „Касперски NEXT 2020“, што за прв пат се одржа исклучиво на Интернет во многу интересен интернет простор, што потсетува на сајбер хотел од иднината, беа презентирани резултатите од едно од најинтересните истражувања на оваа руска компанија досега.

Концептот за надградување на човекот порано бил исклучиво дел од научна фантастика. Сепак, процесот на подобрување или повторно создавање на нашите физички и ментални способности доби важност бидејќи дигиталната технологија стана сè поважен дел од нашето секојдневие.

Истражувањето го потврди широко распространетиот ентузијазам кога станува збор за надградба на човекот – процесот на подобрување на човечкото тело со помош на технологијата. Истражувањата покажале дека кога би ја имале таа можност, 92% од нас би смениле нешто во физичкиот изглед. Скоро две третини (63%) би размислиле или за трајна или привремена надградба на телото со технологија.

Студијата, во која учествувале повеќе од 14.500 возрасни низ 16 земји во Европа и Северна Африка, покажа дека нашите соседи во Унгарија ќе бидат меѓу првите што ќе размислат за надградбата на човекот (96%), додека Британците (33%) ќе бидат последни кои ќе одлучат.

Некои испитаници дури изразиле желба да ги поврзат паметните телефони со нивните тела! Мнозинството од испитаниците изјавиле дека би сакале надградбата на човекот да се користи во корист на човештвото, а 53% од луѓето изјавиле дека треба да се користи за подобрување на квалитетот на животот. Според нивното мислење, целта би требала да биде подобрување на целокупната здравствена состојба (40%) или видот (33%).