Кога компирите ќе позеленат или ќе почнат да ртат затоа што се чувале предолго или затоа што не се чувале во соодветни услови, може да бидат опасни по вашето здравје…
Компирите содржат соланин, отровно алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид и кое е присутно во зголемена концентрација во зелените, оштетените или ртените компири, велат лекарите и научниците кои работат во Германскиот федерален институт за проценка на ризик.
Соланинот не само што го менува вкусот на компирот, туку е и опасен по здравјето.
Во случај на прекумерна консумација на соланин, може да се појават мачнини, како гадење, болки во стомакот, повраќање и дијареа.
Поради оваа причина, институтот советува да се избегнува конзумирање на многу зелени, ртени или меки компири.
Отстранете го погодениот дел
Но, ртените и зелените делови можат да се отстранат од компирите кои не се сериозно погодени од споменатите промени, по што безбедно да се конзумираат, тврдат од Германскиот сојузен институт за проценка на ризик.



















