Уште оваа деценија на пазарот ќе излезат лекови кои ќе го забавуваат процесот на стареење.
Уште оваа деценија на пазарот ќе излезат лекови кои ќе го забавуваат процесот на стареење и двојно ќе го продолжат животот.
Чудотворните апчиња веќе се во прва фази на развој и во комбинација со терапија врз основа на матичните клетки, ќе ни дозволат да бидеме здрави и витални барем век и половина.
Децата родени денес, ќе имаат можност да доживеат барем до 100 години во одлична здравствена состојба, пишува списанието Objects.
Соединението ги активира ензимите кои брзо и ефикасно ги поправат оштетените ДНК. Во не толку далечна иднина тоа ќе им помогне на луѓето да започнат втора кариера по 65-годишна возраст, смета почитуван невробиолог од Оксфорд Сузан Гријнфијлд.
Харвардскиот професор Дејвид Синклер работи на еден од овие лекови. Тој е базиран на супстанцијата ресвератрол што се среќава во црвеното вино. Тој е изолиран во ново соединение 1000 пати помоќно од обичниот ресвератрол, што покажува одлични резултати кај лабораториските тестови.
“Телата ќе имаат неверојатна способност да се самопоправат и ова соединение ќе засилува овие механизми”, објаснува Синклер.



















