Култниот скопски состав 21 век, направија песна и спот за сите среќно и несреќно заљубени!!! Видео

311

Песната “Ужасно ми фалиш“ e снименa во еден тејк, во режија на Милан Блажевски и е најава за нивниот трет албум “Си нацртав живот“, кој ќе биде издаден во Септември.

Овој пат, групата (Васко Атанасоски-вокал, Дени Крстев-гитара и програмирање и Раде Јордановски-бас) составена од членови на Bernays Propaganda, ХАХАХА, FxPxOx и My Tear, се покажува во сосем поинакво светло од кое сме навикнати од нив во минатото. Tажните мелодии и љубовните текстови се основата на новиот албум и звук на 21 век.

Групата досега има издадено 2 албума и има оствирено концерти низ Словенија, Хрватска, Холандија, Франција, Србија, Унгарија, Македонија и Чешка.

Во најава се уште две нови видеа, како и неколку концерти во земјава и низ регионот.