Колбасите можат да предизвикаат астма

63

Колбасите како шунка, салама и пушено месо одамна биле посочувани од специјалистите како опасни за исхрана, а од новото истражување станува јасно дека честата употреба може да доведе и до астма.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот Национален институт за здравство, собрани во Thorax, пишува Франс прес.

Според експертите, честата конзумација на колбаси – најмалку 4 пати во неделата води до зголемување на симптомите на астма. Медицинските лица сметаат дека ризикот се зголемува со 76 проценти.

Се покажало дека овие производи се полни со нитрати кои го олеснуваат чувањето и задржувањето на розовата боја.

Сомнежот дека состојката игра улога за некои видови на рак и за воспаленија на респираторните патишта. Истражувањето траеше седум години и вклучуваше околу 1000 луѓе. 400 од нив биле астматични.

Учесниците во истражувањето биле поделени во групи во зависност од потрошувачката на колбаси – мала (помалку од една порција неделно), средна (2,5 порции неделно) и голема (над 4 порции неделно).

Интервјуата со учесниците се случиле меѓу 2011 и 2013 година, за да се разбере дали имале симптоми на астма од вклучувањето во студијата во периодот 2003-2007.

Во просек 20 отсто истакнале дека симптомите се зголемиле, а процентот во сооднос варира помеѓу 14 отсто за малите потрошувачи и 22 проценти за големите.

Изненадувањето е дека поголемата потрошувачка на колбаси била поврзана со појава на симптоми од астматичен тип кај луѓе кои немаат астма.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.