Илија Гечев, сопственикот на компанијата „ИГМ трејд“ од Кавадарци, е единствениот милијардер во Македонија, објави српскиот магазин „Недељник“, кој првпат ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот.
„Недељник“ вели дека листата не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денес.
Гечев се наоѓа на 18. место на оваа листа, со проценето богатство од 1.054.946.440 евра.
Дубравко Гргиќ од хрватската „Аграм груп“, чија вредност е проценета на 2,8 милијарди евра, е најбогат во регионот.
Како што објави српски„Недељник“ кој се занимаваше со вредноста на компаниите и нивните сопственици во регионот, а потоа следат Миодраг Костиќ „МК Груп“ и Мирослав Мишковиќ „Делта холдинг“ од Србија со по 2,7 милијарди евра.



















