Кога е вистинското време за зачнување

1459

Американските научници утврдиле кое е најдоброто време за правење деца. Тоа не е февруари, кога е празникот на вљубените Свети Валентин, туку месецот на божиќните празници декември.

Истражувачите од Универзитетот во Индијана утврдиле дека бебињата зачнати во декември, е поверојатно да бидат здрави како деца и возрасни, пишува британското издание “Индипендент”. Откако направиле истражувања на 52 милиони.

Бремености за период од 12 години тие имаат воспоставено исто така, дека во декември се зачнуваат и најмногу деца – што го објаснува и тоа што традиционално во септември се раѓаат најмногу бебиња.

Според експертите мајките кои зачнуваат во декември уживаат повеќе сончеви денови и добиваат повеќе витамин D во понапредните фази од бременоста, која од своја страна се одразува позитивно на здравјето на бебињата.

Сезоните се одразуваат на здравјето на децата на неколку начини – рано испитуван утврдило дека родените во различно време луѓе имаат и различен ризик од развој на одредени болести.

На пример родените во мај имаат најмал ризик од развој на болести, додека оние во октомври – највисок.