Кое е твоето најсоодветно хоби според хороскопскиот знак?

1700

Лав

Лавовите се тимски играчи, кои се појавуваат на теренот полни со физичка сила, комбинирана со желба да се центар на внимание. Тоа е огнен знак, управуван од Сонцето. Луѓето од овој знак ја сакаат драмата, возбудата и сцената. Мажот Лав би се запалил по возење на мотор, по секакви тркачки активности. Луѓето од овој знак се многу добри тренери и ментори и надвор од теренот. Тие едноставно имаат природни лидерски способности и сакаат да ги поучуваат другите.

Девица

Незабележителните луѓе од овој знак би се насочиле кон хоби и активности кои бараат голем интелект, во комбинација со аналитички карактер. Тоа значи дека треба да внимавате многу, ако одлучите да играте покер или шах со човек од знак Девица. Овие луѓе се многу внимателни и набљудувачки настроени. Тие избираат хоби со броеви и стратегии. Често меѓу хобијата на проактивните жени Девица е да стануваат активистки на различни организации.

Вага

Луѓето од овој знак се дипломати по душа. Тие преферираат да бидат арбитер на натпреварот од играњето во него. Тие се многу праведни по природа и вечно бараат хармонија во животот. Се претвораат лесно во лидери на тимот. Тие не паѓаат на активности кои сакаат голема концентрација и одговорност, бидејќи преферираат релаксирачки хобија. Би се одморале со сликарството, креирање на облека и накит, прошетки во природа, танцување, пинг понг. Работи кои треба да им се забавни, но не да се премногу напорни.

Скорпија

Тоа е најконкурентниот хороскопски знак, управуван од планетите Марс и Плутон. Овие луѓе се страстни, но често стануваат опседнати. Тие се привлечени од духовни хобија, кои го прошируваат светогледот за човечката душа и за необјасниви работи во животот. Скорпиите сакаат тркачки игри, но тешко ја прифаќаат загубата. За нив соодветно занимање е пример јога. Се одмораат добро со решавање на загатки, решавање на крстозбори и судоку.

Продолжува на страна 3