Кое е твоето најсоодветно хоби според хороскопскиот знак?

1692

Стрелец

Стрелецот има неисцрпна енергија и е подготвен да се фрли во скоро секоја активност, под услов таа да му се види забавна. Овaa непостојаност се подразбира е управувана од Јупитер, и има вродена среќа и затоа често луѓето од овој знак стануваат коцкари. Други хобија, погодни за стрелец се летање со параглајдер или падобран, нуркање, тенис, баскет, автомобилизам, лозарството.

Јарец

Овие луѓе се многу независни, резервирани и секогаш бараат подобар начин за работите и прав пат во животот. Тие се дисциплинирани и самостојни, а исто така многу тврдоглави и умеат да ги планираат настаните во животот. Тие сакаат хобија, вклучувајќи преземање на контрола, како стрелање. Јарците си избираат хобија, во кои гледаат некаква смисла, а не само забава. Им се допаѓаат внатрешен дизајн, изградба (на што и да е), учење на нови јазици и спортови.

Водолија

Зборлестите луѓе од овој воздушен знак, управувани од Сатурн и Уран, бараат стабилност и слобода во животот, иако се бунтовници по душа. Тие сакаат да се вклучат со активности кои ќе ги избришат строгите правила и формалностите. Тие се многу независни луѓе и не паѓаат за групни спортови и / или хобија. Би се оддале на кампување, риболов, оригами, колекционерство на антиквитети, везење, и други активности кои можат сами да си ги организираат според свој распоред.

Риби

Овој непостојан воден знак, управуван од Нептун, може да се впише во секоја ситуација и во секој тим. Тие се добри партнери за куглање, аеробик и танци. Нивната интелигенција и филозофски ставови ги поттикнуваат да се борат дури и за загубените каузи. Рибите се секогаш подготвени за нови немири. Тие паѓаат на голфот, пловењето, водните спортови, уметноста како кино, поезија и сликарство.