Кинеските научници за медитеранската исхрана

1456

Кинески научници открија дека медитеранската исхрана е толку корисна, бидејќи храната во неа е богата со магнезиум, објави ж “Дејли експрес”.

Овој минерал е многу важен за здравјето, бидејќи го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар, дијабетес.

Тој, сепак, треба да се прифаќа не само со една храна, туку со најразлични производи.

Медитеранската исхрана го обезбедува токму тоа. Во основата и се рибата, лиснат зеленчук, ореви, цели зрна. Научниците од Универзитетот на Чжцзјан во источна Кина анализирале податоците од 40 студии, кои опфаќаат повеќе од милион учесници во девет земји.

Резултатите покажуваат дека производите со многу магнезиум го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести или мозочен удар за 12 проценти, а од дијабетес тип 2 – со 26 проценти.

Покрај зелениот лиснат зеленчук како спанаќ и снегулките, богати со магнезиум се зрнестата храна, какаото, цели зрна. Потребното количество магнезиум дневно тешко се обезбедува само од една порција храна.