Како вашето тело ќе ја поднесе замената на кафето со чај

1902

Веројатно ќе почнете да спиете подобро во текот на ноќта

Сепак кафето се смета за стимуланс и е многу можно да му пречи на ноќното спиење. Ако го замените со чај, може да почнете да спиете поквалитетно.

Ќе се чувствувате комотно

Ако пиете повеќе од три-четири шолји кафе на ден, може да почувствувате немир, да бидете нервозни и раздразливи. Ако престанете со кафето, ќе почнете да чувствувате помалку стрес.

Поретко ќе имате мускулни грчеви

Претерувањето со кафето може да ја отежне апсорпцијата на магнезиум во вашето тело. Ова може да доведе не само до проблеми со спиењето, но и до мускулни спазми и грчеви.

Расположението може да се промени

Кафето е пијалак кој нè дружи со други луѓе. Истражувањата покажуваат дека тоа може да го подобри расположението на човек, па ако ќе преминувате кон чај, имајте го тоа на ум.

Телото ќе е подобро од хидратација

Кофеинот се води за диуретик, па пиењето чај ќе го држи вашето тело добро од хидрирано во текот на целиот ден, а тоа ќе ве тера да се чувствувате подобро во целина. Вашата кожа ќе изгледа свежа и сите ваши органи ќе функционираат подобро.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.