ОВА ПРВ ПАТ СЕ СЛУЧУВА ! Flytradar сними неверојатна сцена на небото, еден „мрачен“ детаљ ги привлече сите погледи | Фото

1558

Интернет сервисот Flytradar, кој служи за следење на авиони во реално време преку нивните транспондери ADS-B, се пофали со рекордот.

Имено, минатиот четврток тие следеле вкупно 251.829 летови, што е првпат да забележат повеќе од 250.000 летови во еден ден.

Бидејќи на северната хемисфера започна летната туристичка сезона, очекуваат наскоро повторно да биде соборен рекордот.

Многумина во коментарите веднаш се осврнаа на загадувањето на животната средина, коментирајќи дека авионите очигледно загадуваат повеќе од автомобилите, а голем број твитерџии забележале и „дупка“ на територијата на Украина, каде поради воени операции нема прелети на цивилни авиони.

Украина целосно го затвори својот воздушен простор за цивилни авиони на 24 февруари 2022 година, денот кога започна нападот на Русија, а повремено се зборувало во јавноста дека некои цивилни летови може да бидат обновени, што не се случило.

Flytradar24 е веб-страница каде што можете да ги следите летовите низ светот во реално време и да дознаете информации за компанијата, моделот на авионот, рутата, брзината, висината и моменталната позиција на авионот.

Сајтот го користи системот ADS-B, кој е опремен со околу 70% од авионите во светот, па затоа најдобро се покриваат Европа и САД – што значи дека бројот на авиони во воздухот е уште поголем.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.