
Хаплогрупа Е: Оваа група е на главната карта е прикажана со виолетова боја. Се смета дека е најбројна во Африка, а нејзиното историско потекло е најверојатно од Централна и Источна Африка. Сем во Африка застапена е на Блискиот Исток и во Европа, поточно на бреговите на Медитеранот. Во Европа најзастапена е меѓу Албанците и Косоварите, но и во јужните делови на Бугарија и Македонија.
Како што имате можност да видите, многу хаплогрупи географски се преклопуваат, и нема ниту една земја во Европа која има “чисти” гени, сите ние сме некаква мешавина, па сепак брдовитиот Балкан е особено интересна мешавина, бидејќи покажува како народите од поранешната држава генетски се многу блиски и слични отколку некои би сакале да признаат.
Автор: Љубица Шаран
Наслов на оригиналот: Kako izgleda karta Europe temeljena na genetici?
Објавено: Ноември 2017
Извори:
If European Borders Were Drawn By DNA Instead Of Ethnicity
Haplogroup I2 (Y-DNA) – Eupedia
I2a Y-Haplogroup – Background | Family Tree DNA


















