Како да го намалите холестеролот ? Зголемените маснотии во крвта се сериозен ризик за срцето, брзо и безболно спречете срцев удар!

1959

7. Не сите јаглехидрати се лоши

Некои јаглехидрати повеќе му одговараат на нашето тело од другите. Имено, интегралните житарки, како гравот, кафеавиот ориз и киноата имаат повеќе влакна, а во помала мера го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Таквите јаглехидрати го намалуваат ризикот од висок холестерол и дијабетес. Од друга страна, јаглехидратите во белиот леб, компирот, белиот ориз и пецивата, го зголемуваат шеќерот во крвта, а со тоа и можноста за развој на дијабетес тип 2.

8. Вежбајте

Физичката активност од половина час низ пет дена во неделата помага да се намали лошиот холестерол. Исто така, вежбањето помага во одржување на здрава тежина и го намалува ризикот од затнати артерии.

9. Движете се

Ако помислата на теретана или фитнес ве излудува, тогаш прошетајте. За оваа лесна и здрава навика ви требаат само добри патики. Ако сте почетник, почнете со лесно 10-минутно темпо и постепено зголемувајте го. Во спротивно, аеробните или кардиоваскуларните вежби го намалуваат ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања, а истовремено помагаат за слабеење и одржување на цврсти коски.

10. Избегнувајте стрес

Обидете се со техники за релаксација како медитација и фокусирајте се на длабокото дишење. Хроничниот стрес може да го зголеми крвниот притисок и на тој начин да го зголеми ризикот од атеросклероза што се јавува како резултат на акумулација на наслаги во артериите. Истражувањата покажале дека стресот кај некои луѓе може да го зголеми нивото на холестеролот.

11. Намалете ја телесната тежина

Ова е најдобриот начин за борба против кардиоваскуларни болести. Имено, слузницата на артериите кај дебелите луѓе е поподложна на собирање наслаги од холестеролот. Губењето на тежината, особено салото на стомакот, помага да се зголеми добриот HDL холестерол и да се намали лошиот LDL холестерол. Проверете дали вашиот индекс на телесна маса е под 25.

12. Слушајте ги препораките на вашиот лекар

Грижата за холестеролот е всушност доживотен процес. Следете ги препораките на вашиот лекар за исхрана, вежбање и одмор. Со нивните совети можете да го намалите холестеролот и да одржите здраво срце.