Ја исфрлил солта од јадењата | Еве што му се случило

1486

Акаш Банерџи (24) решил да го промени својот живот откако го загубил таткото. Ова за него е силен емотивен удар, но го охрабрило да го промени својот начин на живот и да почне да живее поздраво.

Ова првично значело промена во начинот на исхраната и почеток на вежбање, бидејќи вагата покажала дека има над 107 килограми. Од тогаш, тој јаде јајца за појадок, за ручек варено пилешко, за вечера протеински шејк. Во деновите што тој ги означил како “ден на мамење”, јаде тестенини или пилешко со печена сланина.

Меѓутоа, неговата нова диета вклучувала и исфрлање на солта на три месеци. Вежбал скоро секој ден два сета по 40 минути кардио вежби, а кога било најтешко и кога му дошло да се откаже од сè, се мотивирал со своите стари слики кои не ги криеле неговите несакани килограми.

По десет месеци, Банерџи загубил 40 килограми и денес, тврди тој, е сосема поинаков.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.