Во рамките на Третиот ваљевски стрип фестивал што ќе се одржи на 20 и 21 декември во Ваљево, Република Србија, ќе биде отворена и изложбата Македонски стрип.
Свои дела ќе изложат Александар Стеванов, Александар Цакоски, Александра Ристеска, Ана Марија Стефаноска, Ване Трајков, Васил Гаврилов, Иле Стојановски, Јана Бутеска, Јорданчо Давидовски, Катерина Николовска Тери, Лазар Ангелков, Љупчо Филипов, Максим Ристески Мирко Бојаџиевски, Иливер Цветковски, Стефан Николовски и Тоде Блажевски.
Изложбата ја приредува Томе Трајков кој е координатор на Стрип-центарот на Македонија и на Стрип-салонот во Велес, кој ќе биде и гостин на стрип-фестивалот во Ваљево.
Инаку, на третиот по ред ваљевски стрип конкурс пристигнаа дела од 103 автори од единаесет земји и тоа Босна и херцеговина, Бугарија, Литванија, Унгарија, Македонија, Русија, Србија, Уругвај, Црна Гора, Романија и Канада).
Претседател на жирито е Зоран Стефановиќ, а уметнички директор на фестивалот е Дејан Богоевиќ.




















