Во денешното секојдневие, останува уште малку време да се храниме здраво и да се образуваме во однос на храната која ја внесуваме.Има толку корисна и во исто време, толку штетна храна.
Ако ги знаеме придобивките и штетите од консумацијата, можеби другиот пат ќе размислиме што јадеме?
Еве некои интересни факти од foodpanda, за зеленчукот брокула.
1. Брокулите доаѓаат од Медитеранот или поточно Италија. Тие се познати на човештвото уште од времето на старите Римјани во 6-тиот век пред новата ера.
2. Брокулите се член на семејството на зелката. Нивното име е изведено од италијанската збор broccolo, што значи цветен врв на зелка.
3. Брокулите се со многу висока содржина на витамин Ц. Една чаша сецкана брокула е еквивалентна на чаша портокал.
4. Брокулите се исто со многу висока содржина на витамин А, кој е од исклучително значење за видот и помага во борбата со канцерогените клетки.
5. Брокулата е со висока содржина на растителни влакна, кои се од огромно значење за правилното фукнциониране на човечкиот организам.
6. Томас Џеферсон, еден од татковците-основачи на САД, бил фан на брокулите и е прв кој увезува семиња и го сади вкусниот зеленчук во мај 1767 година
7. Брокулите содржат кемпферол. Тој е со противвоспалително дејство, помага во борбата против рак и кај кардиоваскуларни болести и дијабетес.
8. Калифорнија, позната како “златната држава”, произведува 90% од брокулите во САД. Некои медиуми нудат да биде преименувана во “Држава на брокулите”.
9. Брокулата исто така игра клучна улога во филмската серија за Џејмс Бонд. Па, барем со името. Продуцентот на култната серија е Алберт Брокули.
10. Кина произведува над 8 милиони тони од вкусна брокула, а според податоците на американското Министерство за земјоделство, САД се третиот најголем производител во светот.