Десерти
Веќе спомнавме за негативното влијание на шеќерот, па затоа е подобро да го избегнувате и десертот. Вештачките и спакувани колачиња, торти и слични слатки задоволства не влијаат позитивно. Подобро е да приготвувате домашни десерти, кои се проверени и поздрави.
Брза храна
Брзата храна содржи голем број на маснотии, кои се таложат и им пречат на природните омега 3 маснотии во организмот. Поради тоа, омилената брза храна лошо влијае и поврзана е со депресијата и песимистичките размислувања.
Маргарин
Маргаринот е трансмаст и спаѓа во истата група со брзата храна. Поради тоа, тој воопшто не е добар за човечкиот организам и негативно влијае врз расположението.
Солени грицки
Време е да заборавите на омилениот чипс, смоки, кикирики и слично. Поголемиот дел од грицките содржат мононатриум глутамат, кој знае да биде причина за главоболки и чувство на слабост и замор.
Конзерви
Храната во конзерва исто така содржи мононатриум глутамат, со што предизвикува лошо расположение.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















