Татко и син
— Тато… ми ветуваш ли дека нема да се налутиш ако ти кажам нешто?
— Кажи сине.
— Не, прво мора да ми ветиш…
— Добро, ветувам. Нема да се налутам.
— Денес плачев пред целиот клас…
— Хмм ! А зошто?
— Наставникот рече дека мојата задача е лошо направена… и тогаш заплакав …
— И мислиш дека за тоа треба да се налутам?
— Некои ми рекоа дека само слабите плачат, дека само децата плачат …
— Кажи ми: дали беше сигурен дека добро ја заврши задачата?
— Да. Ја работев вчера со мама. Мислевме дека сè е во ред …
— Тогаш слушај ме внимателно. Има две многу важни работи што сакам никогаш да не ги заборавиш.
— Те слушам, тато.
— Прво: Горд сум на тебе.
Плачењето не е знак на слабост. Тоа е доказ за сила. Чувствителност. Живот. Солзите доаѓаат кога срцето е преполно.
Да плачеш значи да чувствуваш. А да чувствуваш значи да бидеш човек.
Никогаш не дозволувај никој да ти каже дека тоа е нешто срамно. И верувај ми: дури и оние што се смеат, еднаш плачеле. Тие само ги кријат своите емоции.
Ти имаш храброст да ги покажеш. И тоа е нешто многу скапоцено.
Затоа да, плачи кога ќе ти дојде. Солзите често се лек за невидливи рани.
— А другата работа?
— Нормално е да се прават грешки.
Дури и јас и мајка ти сè уште правиме грешки. И од грешките најмногу учиме.
Не созреваш тогаш кога сè ти од рака. Созреваш тогаш кога ќе паднеш… и ќе станеш.
Немаш од што да се плашиш. Не сум лут. Не поради задачата, не поради солзите. Сосем спротивно — среќен сум. Среќен сум што имам син кој чувствува. Кој знае како да се изрази. Кој расте, и плашејќи се да биде маж.
Те сакам таков каков што си. И секогаш ќе те сакам.
Продолжи, сине мој. Држи ја главата високо… и никогаш не заборавај: срцето е тоа што те прави голем.
Voice Of URANIA / Гласот на Уранија



















