Стрелец
Можете ли малку да успорите? Вашата потреба да сте цело време наваму-натаму, да правите нешто и планирате е сјајна и е причина поради која луѓето ве сакаат и обожаваат да се во ваше друштво, но со тоа на најблиските често сте им само како на поминување, доаѓате, на брзина кажувате нешто и си одите. Тоа може да биде и тоа како фрустрирачки, особено ако понекогаш останатите сакаат да сте тука за нив и да им се посветите.
Јарец
Не сме сите совршени како вас! Јасно, тоа никогаш никој нема да ви го каже в лице, но погледајте во огледало и ќе видите дека така се однесувате. Сите ве ценат поради вашите принципи и доследности, но понекогаш е потребно и малку спонтаност. Ќе видите колку тоа може да биде забавно.
Водолија
Од прекрасно суштество кое носи смеа и живот лесно се претворате во промислен измачител кој знае да замолчи и така да ги изнервира сите, или пак едноставно да побегне од разговорот и од проблемите. Поради тоа вашите најблиски понекогаш мислат дека многу лесно можете да ги напуштите и да ги заборавите.
Риби
Толку сте посебна и оригинална личност што луѓето не можат да веруваат колку се среќни што ве имаат во животот. Прекрасно е што толку давате и се трудите околу другите, но тоа понекогаш резултира со тоа да бидете повредени. Не повлекувајте се во себе и молчете, со тоа ги казнувате само оние најблиските, Дајте им на луѓето увид во вашите мисли.



















