Лав
Знаеме ова може ќе ви се чини шокантно, но светот не се врти само околу вас. Луѓето понекогаш прават некои работи бидејќи само така сакале да направат, а не затоа што на вас нешто ви докажуваат. И не, не се сите против вас, ниту пак сите се обединиле за вам да ви наштетат. Бидете малку пореални, така и вам ќе ви биде полесно.
Девица
Премногу сте критички настроени према себеси, но и кон другите. Поради тоа им набивате комплекси на останатите без разлика колку е вашето срце големо. Застанете малку и покажете љубов, нежност, ранливост, не плашете се, никој нема да ве искористи ниту пак да го расипе мислењето за вас. Ќе бидете само помалку нервозни.
Вага
Сите околу вас ги ценат вашата одлучност и преданост, како и единствениот, скоро детски поглед на светот. Но, доста веќе со тие обиди да ги задоволите сите. Научете да кажете не, заземете став бидејќи поради сопствената неодлучност често сте на работ од снагата, а поради тоа патат вашите најблиски.
Скорпија
На другите премногу им давате љубов, мотивација, страст и смеа, но понекогаш морате да намалите со таквото однесување со кое контролирате сè. Не можете да контролирате сè, ниту пак да очекувате да знаете сè. Тоа многу често ги гуши останатите луѓе.
Продолжува на страна 3



















