Стрелец
Стрелците се уште еден од знаците кои не патат за гламурозна прослава на која ќе има стотици гости. Родените авантуристи секогаш бираат нешто поразлично и невидено. Доколку се одлучат за прослава, ќе бидат викнати потесен круг на луѓе, а немојте да се зачудите доколу истата биде организирана на некаков зафрлен ранч.
Јарец
Припадниците на овој знак ги следат трендовите па и пред свршувачката ќе имаат јасна визија за сопствената венчавка. Иако ќе внимаваат на буџетот, не еден од нивните најубави денови во животот ништо нема да недостига.
Водолија
Тие не сакаат да бидат робови на правилата, а нивната свадба ќе биде една од најопуштените. Младоженецот би можело да се појави во фармерки и откачена кошула, а доколку невестата е родена во овој знак, би можела и таа да ја одбере истата комбинација.
Риби
Тие сонуваат за филмска венчавка, но реализацијата би можела да биде саботирана од нивниот буџет. Сепак, ќе направат се што можат за да ја доловат нивната приближна верзина на онаа замислената.



















