Хабл ја пронајде најдалечната ѕвезда | Фото

1686
Илјада пати зголемена галаксија со засилена светлината на далечната позадинска ѕвезда Ерендел.

Вселенскиот телескоп ја регистрирал светлината на Ерендел, на која и биле потребни 12,9 милијарди години да стигне до Земјата поради неговата оддалеченост.

Со стрелката е означена светлината на Ерендел (Фото: НАСА / ЕСА / АП)

Вселенскиот телескоп Хабл успеа да ја „фати“ светлината на ѕвездата наречена Ерендел (Утринска ѕвезда), во галаксијата Арката на изгрејсонце, толку далеку што на нејзината светлина и биле потребни 12,9 милијарди години да стигне до нашата планета, објави неодамна НАСА.

Експертите забележуваат дека ова е ѕвезда од минатото во која Хабл „ѕирнал“ и дека постоела во првите милијарда години по Големата експлозија. Ова е нов рекорд, бидејќи сега е најдалечната ѕвезда за која експертите утврдиле дека постои.

„На почетокот речиси и да не верувавме во она што го видовме на снимката, бидејќи оваа ѕвезда е многу подалеку од онаа што претходно се сметала за најоддалечена, откриена во 2018 година“, рече Брајан Велч од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор. автор на објавениот труд.

Бидејќи вселената се шири, во моментот кога светлината на далечните ѕвезди ќе стигне до Земјата, таа се „растегнува“ во долги црвени „бранови“ и оваа појава се нарекува „црвено поместување“. Велч објаснува дека светлината на Ерендел доаѓа од ерата наречена „redshift 6.2“.

Високо зголемена ѕвезда на redshift 6.2 (црвено поместување 6.2)

Црна дупка во Henize Galaxy 2-10

„На такви растојанија, целата галаксија изгледа како мали точки, а светлината на милиони ѕвезди практично се спојува во една“, забележува Велч.

Истражувањето на Ерендел ќе продолжи со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб, кој е опремен со многу подобра технологија од Хабл. Засега, тие претпоставуваат дека масата на оваа одамна исчезната ѕвезда била најмалку 50 пати поголема од Сонцето.

Вселенскиот телескоп Хабл неодамна успеал да сними црна дупка во галаксијата позната како Henise 2-10, која е оддалечена 30 милиони светлосни години од Земјата.

Оваа црна дупка е невообичаена по тоа што од неа може да се роди ѕвезда, со што е разнишано досегашното највообичаено мислење на научниците дека црната дупка е таа што уништува се што влегува во неа.

Hubble Space Telescope. Црна дупка што предизвикува формирање на ѕвезди во Henize 2-10

Според експертите, ова откритие помага и подобро да се разбере од каде всушност потекнуваат супермасивните црни дупки. Истиот телескоп пред извесно време „улови“ црна дупка во нашата галаксија.

Вселенскиот телескоп Хабл е заеднички проект на НАСА и Европската вселенска агенција, а своето прво патување до орбитата на нашата планета го започнал во 1990 година. Иако било планирано неговата мисија да трае 25 години, оттогаш таа е продолжена. Телескопот Џејмс Веб, кој е лансиран во вселената на 25 декември минатата година, е негов наследник.