Годишен љубовен хороскоп – Љубовните предизвици на хороскопските знаци во 2019 година!

1405

Планетарните движења во 2019. година навестуваат радикални промени и случувања кои ќе имаат голем одек кај зафатените лица, но и кај слободните, пишува astrotarot.eu.

ОВЕН

Ќе имате јасна визија и ќе почувствувате дека сте на вистинскиот пат кога е во прашање љубовта.

Веќе во првите денови од почетокот на годината, ќе бидете подготвени за сè.

Во текот на пролетта, сите оние Овни кои не влегле во врска сега ќе имаат можност. Љубовните искри ќе дојдат од многу страни. Вашата желба да остварите љубовна среќа, ќе биде на вага. Ќе размислувате на која страна да се свртите. Ќе бидете задоволни со вашиот избор и ќе се трудите другата страна да го почувствува вашиот ентузијазам.

Со доаѓањето на летото, некои од припадниците на овој знак ќе се обидат да ги поправат односите во бракот или во врската. Одлуката за заеднички одмор сигурно во тоа ќе им помогне. Овните мора да научат дека и другата страна има право на свое мислење. Кога ќе го прифатите тоа, ќе го цените она што го имате.

На есен, оние кои сѐ уште се сами и понатаму ќе бараат љубов. Сите слободни Овни ќе имаат многу мака со наоѓање партнер, ако не го нашле досега. Оние зафатените, ќе се обидат да го подобрат својот емотивен живот.

Со доаѓањето на зимата, некои од Овните ќе се најдат на крстосницата на врските и односите. Кога ќе сфатат дека нивните напори немаат одек, тие ќе му го свртат грбот на партнерот и ќе заминат. Не важи за сите Овни, некои Овни ќе направат сѐ што можат за да го задржат саканиот и покрај компромисите.

БИК

Биковите ќе вложуваат многу напор во 2019 година да не останат сами.

Од февруари и почетокот на пролетта, Биковите ќе го придвижат својот шарм и ќе го освојуваат спротивниот пол. Оние Бикови кои се во врски или се во брак, исто така, ќе си дадат напор и често на бранот на страста ќе завршат во тајни врски.

Летото за Биковите, кои се во врска или брак, носи хармонични односи, многумина ќе одлучат да го зголемат семејството, многумина ќе се стремат кон потомство. Слободните Бикови ќе бидат во челустите на страста, ќе влегуваат од авантура во авантура, ќе бараат само она, што знаат дека им треба.

Во текот на есента многу Бикови ќе страдаат од последиците на летните авантури, ќе се обидуваат на секој начин да остане само на тоа. Некои и ќе успеат, додека другите летната авантура ќе ја градат во сериозна врска.

Со доаѓањето на зимата, ќе се смири и страста на Биковите. Само оние кои сѐ уште се слободни ќе ја бараат својата сродна душа. Зимата за многу Бикови кои се во врски носи одлуки за планирање на заедничка иднина или брак.

Продолжува на страна 2