Годишен љубовен хороскоп – Љубовните предизвици на хороскопските знаци во 2019 година!

2367

СТРЕЛЕЦ

Нестабилна година за оние во врска и брак.

Од почетокот на годината, па дури и во текот на пролетта, односот со партнерот е променлив и се чувствувате на некој начин неисполнето и ускратено. Некои стрелци веќе во овој период можат да започнат тајни активности. Ако сте слободни, постојат мали шанси да влезете во нормална врска, иако има многу претпоставка да се залетате во врска која поради некоја причина мора да биде скриена од очите на јавноста.

Во текот на летото кај слободните Стрелци ситуацијата е многу подобра. Има многу шанси за нова емоционална приказна, и врска која би можела исклучително да ви годи. Кај некои од вас, има дури и можност да се активираат настани со поранешни партнери. Ако сте во паралелна врска, потребно е поголемо внимание и криење, бидејќи постои шанса работите да излезат на виделина. Сепак, нема да бидете подготвени на оваа тајна приказна да ставите точка.

Во есента Стрелците во емотивни врски и брак, до крајот на овој период, ќе имаат проблеми во своите основни односи. Има шанси некои од вас, токму на почетокот на есента, конечно да стават точка на врската или бракот, или другата страна ќе одлучи дека нема ништо што да прави со вас. Слободните припадници на знакот ќе бидат во голема мерка соочени со минатото и постојат сериозни шанси да го обновите односот со некој кој претходно ви бил партнер.

Во зимскиот период, во емотивните врски и бракови, сè уште може да се провлекува некој стар проблем. Во брачните заедници почнува еден помирен и поубав период, а оние кои се во подолги врски токму во овој период би можеле да се одлучат за формирање заедница или да стапат во брак. Слободните ќе се сретнат со личност која долго време ја гледале, но дури сега се подготвени и конкретно да тргнат и да успеат.

ЈАРЕЦ

На оние кои се слободни оваа година ќе донесе безброј можности и конечно ќе најдат среќа кога љубовта е во прашање.

Почетокот на годината и пролетта им носи на слободните Јарци многу добро расположение, но, исто така, и првата можност за нова емотивна приказна, најпрво преку сегментот на пријатели и излегувања. Веќе овој однос може да стане трајна категорија во вашиот живот. Зафатените Јарци чувствуваат несигурност кога партнерствата се во прашање, што повремено може во голема мерка да влијае на однесувањето кон партнерот.

Со летото започнуваат и проблемите со оние кои се зафатени. Односот е прилично затегнат и потребно е многу трпеливост и толеранција за излез од кризата. Слободните ќе имаат шанси на сите страни и ќе избираат помеѓу минатото и новата личност.

На есен, оние кои се зафатени имаат шанса некако да ја стабилизираат ситуацијата со саканата личност, но тоа ќе биде доста тешка задача. За тоа време, слободните Јарци воглавно уживаат. Некои врски од минатото ќе се вратат на дневен ред, па видете дали вреди да ги извадите од пепелта или не. Новините се менуваат како на лента, ваше е само да уживате.

Преку зимата, оние врски кои успеале да преживеат бура во текот на изминатиот дел од 2019. година, сега имаат можност да се опорават и да се стабилизираат. За слободните Јарци продолжува период со големи можности за нови, невообичаено убави и романтични љубовни приказни.

Продолжува на страна 6