Еве зошто треба да престанеме да ставаме старосни ограничувања на нашите животни достигнувања

209

Моментот кога ќе наполниме 30 години, се здобиваме со определен психички шок кој самите си го приредуваме токму со сознанието дека сме на определена возраст каде некои работи се уште ни недостигаат во животот.

Успехот е успех без разлика на кое годиште го доживуваме и се соочуваме со истиот. Но, практиката покажала дека кога сме помлади, многу повеќе сме горди на успесите кои ги остваруваме. Многумина од нас ги судат луѓето според годините на кои ги доживуваат успесите. Луѓето си поставуваат старосни ограничувања за постигнување на определени животни цели, па поради тие причини голем дел од нив не сакаат родендени.

Идејата за старосните ограничувања сепак е поприсутна кај жените. Кога ќе наполнат 40 години а некогаш и порано жените како да стануваат невидливи. Нивните лица не се присутни на филмските платна, кампањите, па дури и на вести.

Една студија покажа дека во поголем број на општества, постои старосна дискриминација која што е многу поприсутна кај жените отколку мажите, и претежно е застапена на работните места.

Исто така постојат и општествените притискања за определени животни прашања како што е брак, деца, фамилија и сл. Изгледа како да постојат општи правила кога е најдобро определена личност да стапи во брак, да основа фамилија и сл.

Сите како да забораваме дека животот е една патека кои сами си ја градиме согласно нашите потреби и желби и дека не треба да ставаме никакви временски императиви за определени настани кои треба да ни се случат.

Кога вистински ќе го разберете значењето на секое достигнување во вашиот живот, тогаш ќе престанете да си ставате временски граници за истите. Тие претставуваат игри во кои треба да уживаме додека ги играме, а не да бидеме опседнати со помислата дека играта треба да биде завршена во определено време.

Оваа перспектива на гледање на нешатата е многу важна бидејки сите не сме го почнале на ист начин животот. Сите ние се одликуваме со различни особини, можности, привилегии и слично и согласно нивниот степен на застапеност, ние во различно време имаме потреба од нештата во животот.

Сепак треба да имате на ум дека поставувањето на определени временски интервали за остварување на определени животни цели има позитивна улога во нашиот живот, но кога е во умерена доза. Во спротивно, само се изложуваме на дополнителен стрес.

Клучот на успехот лежи во разбирањето и прифаќањето дека работите се случуваат различно кај различни луѓе. Нема точен временски распоред како и кога би требало определени нешта да ни се одвиваат во животот.

И најважното од сите е дека ние сме креатори на сопствениот живот, ние и нашите потреби, а не туѓите размислувања, ставови и предрасуди.

Сите сме дојдени на овој свет да уживаме во себе си и работите кои не прават среќни и исполнети. Фокусирајте се на себе си и вашите цели. Разберете дека постои живот позади социјалните предрасуди , само вие треба да одберете да го живеете.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.