Еве зошто родените во октомври се толку специјални

57

Секој месец е убав, но и различен. Не само хороскопскиот знак, но и месецот во кој сме родени влијае на нашата личност.

Во следните редови ќе видите неколку карактеристики на родените во октомври.

Чесност

Родените во октомври се стремат да одржуваат фер односи и силно веруваат во правдата. Секогаш се придржуваат кон вистината и се подготвени на сè за да ги разобличат оние кои се обидуваат да им наштетат на нив или нивните блиски.

Ја следат хармонијата

Ретко ќе видите човек роден во октомври да излегува надвор од контрола. Овие личности веруваат во хармонијата и се стремат да ја обезбедат во секое време, како и да постигнат внатрешен мир. Ги следат правилата на животот, а ако западнат во ситуација на спор, знаат како да излезат од него.

Родени дипломати

Ќе ги познаете луѓето родени во октомври по тоа што се истакнати дипломати во комуникацијата со другите. Ова е една од најдобрите нивни страни. Во тешки ситуации знаат како да се справат со пречки. Во бизнис комуникацијата секогаш успеваат да ги освојат симпатиите на своите соговорници.

Бараат посебна љубов

Ако сега започнувате односи со човек роден во октомври, треба да знаете дека овие личности не се поврзуваат во сериозни љубовни врски со кого и да е. Би се импресионирале од партнерот кој е бизнис-ориентиран, амбициозен, интересен. Имаат потреба од љубов, која ќе ги инспирира, од понежна/посилна половина, која им помага да се задржи балансот.

Тие се харизматични

Нешто што поседуваат во изобилство е харизма. Емитувањето им е како магнет , што им помага да го привлечат вниманието на спротивниот пол, но и симпатиите на сите други. Кога се движат или комуницираат тие се повеќе од сигурни. Да поминеш време со човек роден во октомври е задоволство.

Големи романтичари

Среќници се оние кои имаат љубовна врска со човек роден во октомври. Тие се непоправливи романтичари. Освен со харизма, лесно ја придобиваат љубовта на спротивниот пол со своите мили зборови, романтични изненадувања. Овие личности можат и се стремат да градат убави и долготрајни врски.

Емоционално интелигентни се

Да бидеш емоционално интелигентен е доста тешко. Некои успеваат по долги тренинзи, други никогаш, а оние кои се родени во октомври го поседуваат овој квалитет. Владеат со емоциите, водат добро односи, социјални контакти, умеат да ја претстават добро личноста пред останатите.