Еве зошто кромид треба да го јадете секој ден

1358

Се бори со туморските процеси

Концентрираниот екстракт од кромид содржи мноштво сулфиди, кои ги напаѓаат директно канцерогените клетки и слободните радикали кои ги предизвикуваат. Истражувања во областа покажуваат дека кромидот е многу ефикасен конкретно против рак на желудникот , устата, дебелото црево, гркланот, хранопроводот, јајниците.

Го зголемува имунитетот

Кромидот содржи полифеноли, кои му помагаат на имунолошкиот систем да работи добро. Тие го чуваат телото од штетното дејство на слободните радикали, кои се мешаат во работата на имунолошкиот систем. Селенот во кромидот исто ги стимулира заштитните механизми на организмот.

Го намалува холестеролот

Секојдневната консумација на половина глава кромид или целиот страк свеж кромид помага за намалување на лошиот холестерол и подобрување на работата на циркулаторниот систем. Ова го покажуваат истражувања спроведени на Универзитетот во Хонгконг.

Ги ублажува болки во ушите

При воспаление на ушите може да се примени свежо исцеден сок од кромид. Благо загрејте го пред да го аплицирате со помош на пипета.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 3