Љубов, секс, интимност. Овие прекрасни искуства и чувства ја прават врската помеѓу двајца луѓе неверојатна. Но, има нешто што го прави сексот уште повозбудлив и исполнет со бројни оргазми.
Мислите дека тоа е секси долната облека ? А, можеби неверојатно комплексните секс пози кои понекогаш изгледаат невозможни за постигнување?
Но, единствено нешто за време на секс што може да ја направи предиграта посензуална се зборовите . И тоа не кои било зборови, туку нежното шепотење на уво на саканиот ” те сакам “!
Тоа го утврдиле научниците од Chapman University . Тие спроведоа истражување врз 39 илјади парови, кои живееле заедно повеќе од 3 години.
Истражувачите откриле дека да кажеш ” те сакам ” за време на секс е најдоброто нешто што можете да го направите, за да биде сексуалната игра повозбудлива. 75% од мажите споделиле дека тоа ги возбудува неверојатно многу. Приближно ист е процентот и на жените, кои го обожаваат тоа љубовно признание во кревет.
Друг фактор кој го зголемува задоволството од сексот според истражувањето е љубовната игра. Студијата утврди уште дека сексуално задоволните парови сакаат да одат туш заедно, како и да користите секс играчки.
Друго интересно набљудување, кое произлегува од истражувањето е дека незадоволените парови често се обраќаат кон списанија и интернет публикации, поврзани со сексуални совети за подобрување на претставувањето во кревет. Многу од нив ги пробуват предложените идеи, за да го подобрат квалитетот на сексуалниот живот.
Во заклучок научниците констатираат дека сексот е како брак – треба да се вложуваат постојани напори за да биде тој исполнет и задоволување. Страста секогаш доаѓа од самиот себе.