Еве како сексот може да ви го уништи бракот

1599

Недостаток на секс

Семејниот живот ги менува приоритетите во битието на луѓето. Времето не стигнува, обврските се зголемуваат двојно, тоа сепак не е причина да се откажете тотално од сексот со партнерот. Паровите кои многу ретко се оддаваат на милувања еден со друг имаат нездрава врска која води до низа проблеми и сомнежи.

Сексот според план

Најубавиот секс е спонтаниот. Затоа луѓето кои ја планираат секоја една секунда во спалната го уништуваат самото искуство, објаснува Алин. Таа раскажува за не еден и два случаи во кои мажите се жалат на партнерот што го претвора актот во нешто стерилно, предвидено и пресметано до секунда. Тоа ја убива целата емоција и задоволство во љубовниот чин и тој практично станува бесмислен.

Неквалитетен љубовник

За никого не е тајна дека женскиот оргазам не е механички и тој поминува низ главата. Затоа, за да се задоволи една жена, треба мажот да ја почувствува, да се погрижи за нејзините потреби и да ја натера да се почувствува удобно. Ако мажот е егоист, тој не се грижи за нејзиното задоволство и тоа практично води до ладење и растојание меѓу двајцата, како и до неподготвеност на жената во даден момент да спие со нејзиниот сопруг.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.