Еве како до СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО

3990

4. Семејството е поважно од пријателите

Потребно е да се организираат семејни дружења и игри. Браќата и сестрите треба да играат заедно, а не забавата да ја бараат надвор од домот. Секако дека треба да имаат и пријатели, но семејството е на прво место.

5. На децата не им се потребни премногу воншколски активности

Секако дека децата треба да имаат и дополнителни активности, но преголемите воншколски активности само ќе ги држат децата подалеку од дома. Најдобро би било да се практикуваат заеднички семејни активности како возење велосипед, ролери или пливање.

6. Не смее да има кавги пред децата

На децата им е потребна стабилност, бидејќи така се чувствуваат најсигурни. Избегнувајте кавги и расправии пред децата, а доколку се случат обидете се да им објасните зошто е тоа така.

7. Навиките се создаваат со текот на времето

Навиките, како што е на пример неделниот ручек се пожелни и треба да бидат пракса на секое семејство. Исто така добро би било да се практикуваат и навики како на пример заедничко гледање на некоја серија или филм. Потребно е да има нешто што ќе ве поврзува и усреќува кога сте заедно.

8. Добра комуникација

Ова е можеби е најважното нешто за среќно семејство. Треба отворено да се зборува за се. Децата треба да знаат дека секогаш можат да се потпрат на вас и дека можат и треба да ви кажат за сите свои проблеми и грижи.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.