Дуа Липа (24), за која може да се каже дека е една од најпопуларните поп-пејачки во светот во моментов, пред неколку денови на Твитер и на Инстаграм објави фотографија со која ја промовира идејата за „Голема Албанија“, која би опфатила делови од денешна Србија, Грција, Македонија и Црна Гора.
Пејачката предизвика огромни реакции со споделувањето на мапа која ги прикажуваа Албанија, Косово и делови од соседните балкански земји – со симболот на албанските орли.
Оваа мапа е директно поврзана со периодот помеѓу 1941 и 1945 година, кога во текот на фашистичката окупација, Италија го анектираше најголемиот дел на Косово и Метохија, западните делови на Македонија и источните делови на Црна Гора- приклучувајќи ги во таканаречената „Голема Албанија“, која беше италијански протекторат, со кралски указ од 12 август 1941 година.
Објавата на Дуа Липа покрена бурни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, но и кај многу јавни личности, меѓу кои и британскиот новинар Сем Стрит, кој искоментира дека пејачката „ги нарекува овие нации мигранти или колонисти, што е мошне иронично за Албанка родена во Вестминстер, Велика Британија“.
Неколку дена претходно, Дуа Липа сподели уште една објава која гласеше „Зошто Косово не било и никогаш нема да биде Србија“, на што и одговори српската пејачка Јелена Карлеуша која и порача да ги изостави ваквите овјави за време на глобална пандемија.
Со најновата објава, Дуа Липа се обиде „да ги смири страстите“ и да објасни дека немала лоша намера, туку дека „само сака гордо да зборува за нејзиното потекло и корените“.
Таа наведува дека нејзината објава е „погрешно протолкувана“, но сепак сака „нејзината земја да биде претставена на картата“.
❤️
Gepostet von Dua Lipa am Dienstag, 21. Juli 2020
„Со мојот претходен пост, не сакав да иницирам какво било омраза. Ме прави тажна и лута што мојата објава беше погрешно протолкувана од некои групи поединци кои промовираат етнички сепаратизам, нешто што целосно го отфрлам“, напиша Дуи Липа.
Според неа, секогаш кога споделувала објави поврзани за Косово луѓето реагирале бурно.
„Секогаш кога пишувам за Косово, мојот feed полудува, дури и кога пишувам за нешто убаво како храна или музика. Јас секогаш наидувам на отпор на идејата за автентична косовска култура“, продолжи таа, истакнувајќи дека објавата била повеќе наменета кон гигантот Apple („Епл“).
„Сите ние заслужуваме да бидеме горди од каде потекнуваме. Едноставно сакам мојата земја да биде претставена на картата и да можам да зборувам гордо и среќно за моите албански корени и за мојата родна земја. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да слушаат и учат едни од други. Мир, љубов и почит кон сите“ – напиша Липа во нејзината објава.
Многубројни нејзини обожаватели почнаа да ја бојкотираат на социјалните мрежи.
Меѓутоа, изгледа дека Дуа Липа ги поттикна и своите колешки. И Рита Ора на Твитер објави фотографија на која пишува: „Ставете го Косово на мапа“ и ја тагна компанијата „Епл“ и неколку популарни пејачки со албанско потекло: Бебе Реџа, Ава Макс, Дафина Зеќири, Ера Истрефи и Дуа Липа.
Would love to see @Apple spreading awareness by putting Kosovo on the map! Albania and Kosovo are full of so much beautiful and great talent. Spreading Love, Peace and Unity today with @BebeRexha @DUALIPA @strefie @Dafina_Zeqiri @AvaMax and soooo many others ???? pic.twitter.com/7FP7pkst8I
— Rita Ora ⚡️ (@RitaOra) July 20, 2020
По објавата на Дуа Липа, се огласија и нашите естрадни уметници. Влатко Лозаноски и групата „Некст тајм“ експресно реагираа, па на своите профили на Инстаграм и на Фејсбук објавија историска карта од Македонија со нејзините етнички граници, истакнувајќи „И ние можеме“.
Во меѓувреме, пејачката Дуа Липа, која во повеќе наврати во кариерата беше амбасадорка на УНИЦЕФ сега доби официјален демант.
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Србија денеска излезе со соопштение во кое вели дека не го поддржува ставот на пејачката:
„Драги пријатели, Ви благодариме што ја истакнавте објавата на пејачката. Би сакале да ве известиме дека Дуа Липа не е амбасадор на УНИЦЕФ и нејзините изјави не се изјави во име на УНИЦЕФ. Како и многу други, таа ја поддржуваше нашата работа околу заштитата на деца, за што сме ѝ благодарни. Ставовите што таа ги презентира се нејзини, а УНИЦЕФ не ги поддржува“, се наведува во соопштението.
Сепак ова е само став на УНИЦЕФ Србија, додека глобалните профили на УНИЦЕФ на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и Твитер останаа неми на објавата на Дуа Лупа.
Дуа Липа е родена во 1995 година во Велика Британија, а нејзините родители заминале од Приштина во 1992 година.