Доматот е многу опасен ако ги имате овие симптоми

2012

Доматот е омилена летна салата на многумина. Сочен, освежувачки црвен плод, полн со ликопен, го сакаат скоро сите и се сметаат за безбедна и многу здрава храна, но доматите всушност можат да имаат некои лоши несакани ефекти.

Ако почувствувате некој од следниве симптоми, може да припаѓате на група луѓе кои не треба да јадат домати:

1. Желудечен рефлукс

Доматот е многу кисела храна и затоа може да предизвика горушица кај луѓе кои страдаат од гастритис или гастроезофагеален рефлукс. Дури и ако сте здрави и не страдате од овие стомачни проблеми, ако јадете многу домати или сос од домати, исто така можете да ги почувствувате овие непријатни симптоми.

2. Болки во зглобовите

Верувале или не, премногу домати во исхраната можат да предизвикаат болки во зглобовите! Причината е алкалоид наречен соланин, кој гради калциум во ткивата, а има многу во доматите. Премногу калциум во ткивата може да предизвика воспаление, болка и оток на зглобовите.

3. Проблеми со бубрезите

И ова има врска со складирање на калциум. Доматите се исто така богати со оксалат, супстанца која тешко се метаболизира кога се зема прекумерно, а тоа може да резултира со формирање на камења во бубрезите. Црвениот сочен плод содржи и многу калиум, што исто така може да влијае на работата на бубрезите. Ако веќе имате некои проблеми со бубрезите, бидете особено внимателни!

4. Алергиски реакции

Доматот содржи соединение хистамин, кој му помага на имунитетот да се бори против вирусите и бактериите. Вие не би поверувале колку често се предизвикува алергиска реакција на хистамин во доматот, и таа обично се јавува во форма на осип или оток на јазикот, со некои други непријатни симптоми. Луѓето на кои им е дијагностицирана алергија на домати се чувствуваат многу потешко.

Продолжува на страна 2