Доделена им е награда за неверојатен пар | Фото/Видео

2628

Преубавата сопруга вели дека го сака својот сопруг иако тој изгледа како Родни од Only Fools and Horses.

Преубавата фризерка освои 14-дневен меден месец во Грција откако таа и нејзиниот помалку убав свршеник победиле во натпреварот за најневообичаена двојка.

Фризерката  Кејт Кеткарт и советникот за продажба Дарен Донахју од Њукасл во Велика Британија, ја освоиле првата награда во натпревар организаиран од една локална радио станица, а добиле најмногу гласови како најнескладен пар, ако се земе во предвид изгледот.

Радио водителот ја опиша како убава русокоса жена со убави заби, со убава насмевка, големи очи и фантастична фигура. Таа за својот вереник рече  “Тој не е Том Круз, но секогаш ако сакам можам да ги средам фотографиите од свадбата во Фотошоп“.

Двојката е заедно веќе 8 (12) години, имаат две (6)-годишен син, Џексон, а признаваат дека, ако се некаде надвор секогаш ги следат љубопитните очи на минувачите. Иако, по нивниот изглед се во сосем различни категории, тврдат дека еден на друг совршено се прилагодени.

Дарен нивната фотографија ја објавил на интернет страницата на радиото откако во возење слушнал за натпреварот.

– Пред да ја прашам Кејт, јас ја испратив нашата слика. Не е невообичаено кога одиме заедно мажите да ѝ приоѓаат, бидејќи сметаат дека нема шанси јас да сум со неа. Дури и кога купуваме нас нѐ следат збунети погледи, па знаев дека можеме да победиме.

Двојката се сретнала кога Кејт се преселила во улицата каде што живее Дарен. Тој ја опишуваше својата атрактивна сосетка на пријателот кој рече: “Ова е сестра ми.”

На прашањето што ја привлече кон нејзиниот свршеник, таа рече:

– Не знам, навистина, но има нешто, инаку не би била со него. Кога за прв пат го видов, го заменив со роднина. Затоа, се чувствував лошо, па помислив дека е подобро да му дадам шанса. Заедно сме 8 (12) години, иако тој помалку изгледа како Родни од “Only Fools and Horses”. Го сакам Дарен, а изгледот не е сè. Тој не е Том Круз, но убавината е минлива, а личноста останува засекогаш.

Двојката планира да се венча во август, а наградата ќе ја користат како меден месец.