Дијабетесот веќе е болест на децата и младите

1160

Додека претходно се сметаше дека од шеќерна болест се разболуваат претежно возрасни, лекарите ја регистрираат дијагнозата кај сè повеќе млади луѓе – дури и тинејџери и деца.

Само во САД со прекумерна тежина се веќе 17% од адолесцентите. Фигурата е тројно повисока во однос на 1970 година, покажуваат последните податоци на центрите за контрола и превенција на болести.

Ова води до зголемен ризик од појава на дијабетес тип 2 – болест, при која панкреасот не произведува доволно инсулин.

Оттаму шеќерот во крвта останува во организмот и е на високо ниво. За споредба, за дијабетес тип 1 зборуваме тогаш кога имунолошкиот систем ги уништува клетките кои произведуваат инсулин. Така директно влијаат и крвните садови, што претставува зголемена опасност од појава на мозочен удар и инфаркт, бубрежна инсуфициенција и други. Секоја година од дијабетес умираат најмалку 75 000 Американци.

Бидејќи болеста се развива постепено, до неодамна беше релативно невообичаено таа да се среќава кај толку многу млади луѓе. Откривањето веќе не е реткост меѓу учените и младите деца. Во држави како Калифорнија, Колорадо, Охајо, Јужна Каролина и Вашингтон, боледуваат близу 12,5 на секои 100 000 деца на возраст меѓу 10 и 19 години.

Коефициентот се менува во зависност од возраста, полот, расата и етничката припадност. Тоа значи дека секоја година со дијабетес се дијагностицираат околу 1.500 деца и адолесценти годишно. Истражувачите откриваат очигледна разлика при нивниот расен и етнички фактор, а “белите” се сметаат за помалку засегнати. Се задлабочува и разликата во половите, па од шеќерна болест се разболуваат сè повеќе девојки – речиси двојно во споредба со момчињата.

Специјалистите земале предвид дека вкупно кај сите фактори годишното зголемување на морбидитетот кај лицата под 18-годишна возраст е близу 5,2%. Со текот на времето, последиците можат да бидат многу сериозни. На глобално ниво се зголемуваат и повредите поврзани со дијабетесот – со 33%. Тоа значи дека и покрај напорите на лекарите, “целокупното неповолното влијание врз јавното здравје всушност се зголемува”.

Дијабетес мелитус е метаболна болест која се карактеризира со зголемено ниво на шеќер во крвта, што се должи на делумно намалување или нарушено дејство на инсулинот (дијабетес тип 2) или целосна загуба на производството во организмот (тип 1 дијабетес). Ефективниот третман, може да ги намали ослабувачките компликации со до 50%. Пациентот и лекувачкиот тим имаат заедничка цел: да постигнат и одржуваат добра контрола на нивото на шеќер.

Меѓународната Дијабетична Федерација ги препорачува следниве вредности на подобра контрола – гликемија пред јадење: 4-7 ммол / л; крвен шеќер 2 часа после јадење: <10 ммол / л). За поставување на дијагноза и контрола на дијабетес се мери и (HbA1C), кој е показател за контрола на дијабетес во последните 3 месеци.

Препораката на МДФ е гликолизираниот хемоглобин да е под 7% или според индивидуалните препораки на ендокринолог. Докажано е дека подобрување на гликемиската контрола го намалува ризикот од развој на компликации и ја зголемува должината на животот.