Фраза: Во иднина, нашата комуникација мора да биде подобра.
Вистинско значење: Не планирам да го повторувам истото, што не ти беше јасно?
Фраза: Ќе го имам во предвид.
Вистинско значење: Јас навистина не Ве слушав, но веројатно и не е нешто важно.
Фраза: Ќе видиме.
Вистинско значење: Не, нема да видиме ништо.
Фраза: Дали сакате повторно да ви ја препратам поштата?
Вистинско значење: Знам дека првиот го доби и заборави. Последен пат те потсетувам.
Фраза: Како што рековме во претходниот разговор на оваа тема…
Вистинско значење: Што, зборувам кинески?
Фраза: Дозволете ми да појаснам…
Вистинско значење: Или си глупав или тупав, не разбирам што не ти беше јасно…



















