Повеќе од еден век, научниците се занимаваат со мистериозното исчезнување на огромни делови од Земјината кора, феномен познат како „голема несообразност“.
Сега, истражувачите веруваат дека ја откриле и причината и судбината на овие „исчезнати“ слоеви.
За прв пат идентификуван во 1869 година во Националниот парк Гранд Кањон во Аризона (САД), Големата несообразност се однесува на драматична празнина во геолошките записи. Во одредени региони, помладите слоеви на карпи нагло се надвиснуваат над многу постарите, што покажува дека средните слоеви некако исчезнале. Оттогаш, феноменот е забележан ширум светот, што ги збунува геолозите.
Меѓутоа, неодамнешните истражувања го припишуваат недостатокот на кора на интензивна глацијална ерозија за време на периодот познат како “Snowball Earth“, кога голем дел од планетата бил обвиткан во мраз (пред околу 650 милиони години).
Анализа на антички кристали
Студијата од 2018 година, предводена од геологот C. Brenhin Keller од Геохронолошкиот центар Беркли, процени дека помеѓу 3 и 5 километри од основната карпа е еродирана на глобално ниво за време на тоа ледено доба. Ова сочинува неверојатна милијарда кубни километри (109 km³) од Земјината кора, која глечерите ја соголиле и ја однеле во море.
Тимот на Keller, исто така, анализирал антички кристали кои содржат изотопи на хафниум и кислород, кои покажале траги кои се во согласност со ерозија на постари карпи на ниски температури, услови карактеристични за глацијалната активност.
Наодите од студијата покажуваат дека поголемиот дел од наведената ерозија се случила пред Фанерозоикот, односно порано отколку што претходно се претпоставувало. Фанерозоикот е сегашниот геолошки период на Земјата и започнал пред приближно 538,8 милиони години.
Турбулентно геолошко минато
Студијата нуди и објаснување за недостатокот на кратери од удар на астероиди постари од 700 милиони години. Се претпоставува дека многу од нив биле збришани за време на овој огромен геолошки пресврт.
Уште повеќе, тимот теоретизира дека глечерите носеле еродирани седиментни карпи во океаните, оставајќи празнини во Земјината кора и седиментни записи. Тие слоеви што недостасуваат сега лежат под морето, далеку од нивната првобитна положба.
Споменатото откритие фрла нова светлина врз турбулентната геолошка историја на нашата планета и покажува како напредните техники, како што е изотопската анализа, помагаат во решавањето на старите мистерии. Големата несообразност повеќе не е енигма – таа е доказ за способноста на Земјата да се преобликува, дури и во временски размери кои опфаќаат милијарди години.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















